Кристина Јозиќ седум месеци живее во Боливија, а во текст за српски „Курир“ се обидела на читателите да им го доближи менталитетот на жителите во тоа место.
„На прво место е она што го нарекуваат „хора боливиана“, боливиското време, што значи дека тука доцнењето е целосно нормална работа. Не пет минути, не десет, ниту половина час, туку значи дека некого треба да го чекате и до еден час.
Подобро е да се навикнете или да закажете состанок порано за луѓето да се појават навреме. Звучи смешно, но едноставно навиката е таа која тешко се менува. Дури и кога се обидов да одговорам и да објаснам зошто точноста е важна, беше безуспешно. За жал поради тоа општеството тука е многу слабо развиено, има голем процент на сиромашни луѓе, школувани, па дури и писмени. Доцнењето не се однесува само на дружење или состаноци, туку и на училиште, одложување на обврски, работа…
Поради тоа што во своето волонтирање најмногу работам со деца и млади лица, можам да кажам дека тука школувањето е прилично неразвиено. Работев со деца од 9 години кои не знаат да читаат.
Во проектот „apoyo escolar“ којшто го иницираа фрањевците, децата во дополнителни три часа од наставата се обидуваат да го совладаат материјалот којшто успеале да го совладаат во своите училишта. Меѓу другото, тука се и пишувањето, читање и пресметувањето.
Интересно беше да се чита од учебниците по историја. Она што ние го сметаме за откривање на Колумбо на Америка, за нив е почеток на инвазија. Европејците со воодушевување го прифатија новиот свет и гордо го претставија својот успех низ историјата, но за Латиноамериканците тоа било наметнување на културата, јазикот, верата, крадење на сите природни добра. Точката на гледиште е навистина различна на двете страни од светот.
Во оддалечените села кои речиси секојдневно ги посетуваме животот е особено тежок. Прво мислам на материјалната беда затоа што тоа е тоа кое прво паѓа в очи. Куќите од кал или даски и крововите од палмини гранки се единствените домови кои луѓето ги имаат, а понекогаш немаат ниту доволно храна за секој ден. Татковците на семејствата заработуваат најчесто преку одење на жетва на шеќерна трска, но често семејствата се со самохрани мајки.
Бракот и семејството речиси не постојат затоа што се живее во конкубинат или мажите имаат деца со повеќе жени и не се грижат за нив. Сериозен проблем е насилството на децата кое го вршат родителите, но и силувањето на девојчиња од страна на членовите на најтесното семејство, како татковци, очуви, вујковци, чичковци…
За таквото однесување придонесува алкохолот којшто е голем проблем кај тамошните мажи. Во една прилика во едно село запознав 14-годишно девојче со име Габриела кое го прекинало школувањето. На прашањето зошто, одговори дека очекува дете, а после дознав дека тоа дете било силувано. За жал понекогаш и сопствените мајки ги тераат своите ќерки на проституција поради тоа што немаат пари и се во тешка животна ситуација. Тоа остава големи последици на животот на младите девојки кои се преплашени, затворени, срамежливи и не зборуваат ништо за тоа.
Што се однесува до здравството, постои систем којшто овозможува некакви лекови, но многумина не можат да ги добијат поради недостатокот на документи или пари. Луѓето најчесто одат до аптека и купуваат лекови за онолку пари колку што имаат затоа што лековите тука можат да се купат и на парче, а не цела кутија.
Поради тоа последица е дека луѓето полесно се помириле со смртта и не се жалат за лицата кои се болни и умираат, па дури ниту мајките за своите деца не жалат.
Болните станале „товар“ за нив, а семејствата ја исчекуваат нивната смрт. Најчесто семејството го носи болниот член од болница дома и не му дава лекови, туку чека да почине затоа што им е трошок“, раскажала девојката.