.На 42-годишна возраст почина Хелен Смит, една од најпознатите британски спортистки и една од најпознатите пливачки во светот.
Хелен починала додека била на одмор во Лејк Дистрикт, а британските медиуми наведуваат дека таа починала во сон. Зад себе остави две деца и сопругот Крег.
Заедно со семејството отишла да го прослави роденденот на брат ѝ Роб, а таму биле и нејзините родители и роднините.
„Бевме сите заедно, а потоа таа си легна. Шокирани сме. Не била болна и немала здравствени проблеми. Ова е кошмар и чекаме да се разбудиме.. Не можеме да поверуваме дека ова не е некој хорор филм, туку сурова вистина “можеме да веруваме“, им изјави на медиумите Никол Хил, сопругата на Роб.
Хелен учествуваше на Игрите на Комонвелтот во 1998 година освои бронза, а во 1999 година беше вицешампион на светот. Беше учесник и на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година. Таму не освои медал, но постигна значителни успеси на многу други натпреварувања. По спортската кариера продолжи да работи како наставничка.
„Беше голем мотиватор, секогаш се трудеше да го искористи секој момент, прва стануваше наутро. Таа работна етика ја изгради кога се занимаваше со пливање, беше вистински поддржувач на своите деца“, вели Никол.
Нејзиниот татко Џон напиша потресна порака на социјалните мрежи.
„Хелен е наша гордост и радост, секогаш беше насмеана. Не ми се верува како можеше само да легне и да не се разбуди повторно“, напиша тој на „Фејсбук“ објавувајќи заедничка фотографија.