Во непосредна близина на локално основно училиште во центарот на српската населба Футог, ноќеска нешто по полноќ дошло до престрелка во која биле убиени две млади момчиња, јавија српските медиуми.
Според српското МВР, едно од момчињата починало на самото место, а другото им подлегнало на повредите во болница.
Како што јавија српските медиуми, за убиствата се уапсени четворица осомничени на возраст од 21 до 26 години.
Неофицијалните информации на српските медиуми наведуваат дека пукањето започнало од автомобил во движење кон група млади момчиња кои стоеле во близина на основното училиште „Десанка Максимовиќ“. Наводно, се работи за судир на две групи млади момчиња кои се занимавале со продавање наркотици.