КОВАЧЕВСКИ: Вучиќ ќе се извини лично ако Србија навредила некој македонски граѓанин

by Тони Зографски

Премиерот Димитар Ковачевски вчера објави интересен пост за средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Ковачевски на својот профил на Фејсбук објави заедничка фотографија со Вучиќ и под неа напиша дека имал средба со Вучиќ во Атина, на која било истакнато дека Србите не сметаат за пријателски народ.

Откако српскиот министер за одбрана изјави дека на Македонија ќе и се удри од глава признавањето на Косово, па реагираше македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи кој побара појаснување на оваа изјава, премиерот Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ од Атина ја смируваат ситуацијата.

– Вечерва разговаравме со српскиот претседател Вучиќ во Атина. Ме увери дека како претставник на српската држава, тој ги смета македонскиот народ и македонската држава за исклучително пријателски и дека доколку некој македонски граѓанин е навреден од било која порака од српската држава, тој лично ќе се извини, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Истата фотографија ја објави и Вучиќ, а под неа пишува:

– Србија и Македонија се навистина пријателски земји. Ако ме прашаш мене, брат. Недоразбирање меѓу нас нема и не смее да има. Ништо не бараме од нашите браќа, единствено што нудиме е искрено пријателство.

останати вести