Градот Котор на брегот на единствената Бока Которска во Црна Гора е прв меѓу најубавите места во светот на листата што ја објави британскиот магазин Тајм Аут.
На листата на британскиот магазин се наоѓаат 30 места во светот избрани од мрежа на светски патописци кои ја доживеале убавината на секое место на листата.
Котор најмногу ги воодушевил светските патеписци.
„Овде, стиснат меѓу водата и карпите, се наоѓа триаголниот, средновековен стар град Котор, со својата тврдина која ѝ пркоси на гравитацијата, која цик-цак се движи по стрмните карпи горе“ – напиша Пол Стафорд, соработник на популарното списание.
Стафорд воодушевено ја опишува посебноста и специфичноста на црногорскиот град.
„Иако од градот е можно да се искачите по скалите на тврдината, повеќе сакам да талкам по кривулестата овчарска патека на северното крило на тврдината. Овде, среде урнатините на напуштеното село без патишта, можете да пробате домашно овчо сирење и ‘ржан леб во последната населена фарма, со поглед на стаклената вода на заливот“ – опишува Стафорд.
По Котор, на листата е Исланд. Третото место го зазеде Ерг Чеби во Мароко, а потоа Мон Сен Мишел во Франција и Големата џамија Шеик Зајед во Абу Даби.
На списокот на најубави места во светот според светските патеписци се уште и: Ела, Шри Ланка, Шкотски висорамнини – Шкотска, Национален геопарк Жангје – Кина, Стормсривер – Јужна Африка, Њу Форест – Англија, Рајски залив – Антарктик, Алтиплано – Боливија, Хои Ан – Виетнам, Милфорд Саунд – Нов Зеланд, Џајпур – Индија, Островот Хормуз – Иран, Пуља – Италија, Водопади Викторија – Африка, Кинкаку – Јапонија, Сут Вотер Кај –Белизе, Данакил депресија – Етиопија, Биг Сур – САД, Националниот парк Марија Остров – Тасманија и Плоштадот Регистан во Узбекистан.