Има места во Европа каде сообраќајот на автомобили е забранет.Еден од нив е Зермат, светски познат ексклузивен ски-центар со поглед на еден од најпрепознатливите планински врвови во светот.
Во овој град со нешто помалку од 6.000 жители, забранет е сообраќајот со автомобили напојувани од фосилни горива.
Автомобилите отсекогаш биле прегласни и опасни за жителите, а бараат и соодветна инфраструктура. Така е и денес, кога електричните автомобили стануваат сè попопуларни. Сепак, има знаци на мало опуштање, па покрај неколку колички, низ градот кружат и неколку електрични автомобили.
Градските власти одлучија по градските улици да возат само мали возила со исклучително едноставна конструкција и одржување и ниски нивоа на бучава. Се разбира, нивниот број строго се следи и мора да се добие дозвола пред да се купи такво возило. Таква дозвола првенствено добиваат такси слуѓбите, хотелите и компаниите за испорака.
Возилата се произведени од локална компанија, а цената е исклучително висока поради рачно изработената и малата серија. Понудата започнува од 140.000 франци. Судејќи според она што го видовме, нема причина нешто да се промени во Зермат во блиска иднина. Како што стојат работите, ова ќе остане оаза без автомобили и во иднина.