Познатиот британски водител, шармантниот Џони Ирвин кон крајот на минатата година откри дека боледува од рак на белите дробови, а сега дополнително ги растажи своите следбеници на социјалните мрежи со објавата со двајцата свои наследници.
На крајот на минатата година, Џони Ирвин го шокираше светот со шокантното признание дека боледува од карцином на белите дробови кој се наоѓа во терминална фаза. Тој тогаш истакна дека му останале само уште неколку месеци живот, а сега со нова објава уште еднаш ги расплака сите.
Имено, Ирвин на својот Инстаграм-профил сподели фотографии со двата сина, додека во описот на објавата до
– Последното возење со Рекс до јаслите, стои во описот на фотографијата, на која го гледаме водителот како насмеано позира со двата сина.
И покрај тоа што неговите следбеници оваа објава ја протолкуваа дека тој повеќе нема да може да им се посвети на своите наследници поради болест, вистината е сосема поинаква. Имено, неговото постаро синче се сели во поголемата група во градинката.
Да потсетиме, Џони неодамна во интервју за магазинот „Хелоу“ откри дека ракот на белите дробови му се проширил на мозокот и дека се надева дека неговата приказна ќе ги поттикне и инспирира луѓето „да го искористат максимумот од секој ден“. Џони откри дека првиот симптом го почувствувал во август 2020 година кога видот ненадејно му се заматил додека возел.
„Во рок од една недела ми рекоа дека имам уште шест месеци живот. Морав да одам сам дома и да и кажам на мојата сопруга, која во тоа време се грижеше за нашите деца, дека ќе остане сама. Тоа беше поразително. Сè што можев да направам е да и се извинам. Се чувствувам одговорен за тоа што се случува“, ја започна својата приказна водителот.
„Сепак, сега е дојдено до точка кога се чувствувам како да имам некоја валкана тајна, како да имам невидлив товар на мојот грб. Се надевам дека со отстранување на тој товар, можам да ги инспирирам луѓето кои се во иста ситуација, чии денови се нумерирани, да го искористам максимумот од секој ден на најдобар начин, да им помогнам да видат дека можеш да живееш добар живот, дури и ако умираш. Еден ден, ова ќе ме стигне, но јас правам се што можам да го направам тој ден да дојде што е можно поскоро. Им го должам на мојата сопруга и синовите. Некои луѓе во мојата ситуација, имаат списоци со желби, но јас само сакам да направиме колку што можеме повеќе како семејство“, рекол Ирвин.