Споделувајќи статус на членот на Левица, Борислав Крмов, кој реагираше дека прославата на Илинден намерно е уништена, професорката Билјана Ванковска обвини дека имало зголемено полициско присуство во Крушево.
„ Крушевчани нека ви кажат ако не ми верувате: деновиве во Крушево имаше повеќе полиција (аскер!?) од кога било порано. Дури и третманот на нас, гостите, беше индикативен: полицијата беше таму да ги чува политичарите – од народот! Таква грубост и дрскост досега не сум видела“, напиша таа на Фејсбук.