39-годишната веганка и инфлуенсерка по име Жана Самсонова починала наводно од глад, откако минатата година потполно се хранела со сурова веганска храна.
Како што пишува „Њујорк Пост“ руската државјанка на своите објави на социјалните мрежи често ја промовирала суровата храна.
Таа користела поптолно сурова веганска храна најмалку една деценија, се наведува на нејзиниот профил на Инстаграм.
„Пред неколку месеци во Шри Ланка веќе изгледала исцрпено, со отечени нозе од кои течела лимфа“ – рекол еден нејзин пријател.
„Ја испратија дома да побра лекување. Меѓутоа, повторно избегала. Кога ја видов на Пукет, без згрозен“ – рекол тој.
„Живеев еден кат над неа и секој ден се плашев дека ќе го пронајда некое утро нејзиното безживотно тело. Ја убедував да побара лекување, но не успеа“ – рекол пријателот на инфлуенсерката.