Од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, стигна убава вест.
“По 131 ден поминат на клиниката на гинекологија во Скопје, малата Дуа денес облечена како вистинска мала дама во фустан си замнува дома.
Таа е наш херој на денот.
„По 131 ден поминат на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, малата Дуа со солзи радосници ја испративме дома.
На 12 март таа се роди во 24-та гестациска недела, со само 520 грама и по повеќе од 4 месеци престој на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), ектремното прематурче си замина како здраво бебе со тежина од 1890 грама.
Дуа како вистинска мала дама си замина во фустан од нашата клиника и си отиде со мама и тато во Кичево, кои се пресреќни што конечно нивното прво бебе ќе си го гушкаат во својот дом.
Малата Дуа, еден од нашите најголеми борци, овие 4 месеци и 11 дена секојдневно ја добиваше медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, кои посветено се бореа заедно со неа.
ЈЗУ У ГАК и посакува многу здравје и среќно и безгрижно детство, во надеж дека секогаш ќе ве радуваме си среќни приказни за нашите најмали новородени“, информираа од ГАК, приложувајќи неколку фотографии од малата Дуа.