Поранешната учесничка на реалното шоу „Парови“ Вољенка Илиќ е пронајдена мртва во базенот на нејзината резиденција во Доминиканската Република. Живеела во провинцијата Пуерто Плата.
Нејзиното тело било откриено во базенот во нејзиниот дом, со врзани нозе со селотејп и тегови закачени на главата, пишува „Доминикана тудеј“.
Медицинските експерти заклучиле дека таа починала од задушување. Оваа трагедија се случи во четвртокот попладне во вилата К184 во населбата Перла Марина.
Според информациите, во куќата на Илиќ дошла една државјанка на Србија, чие име не е познато, на барање на роднините, кои неколку дена не можеле да контактираат со неа. Токму таа го открила телото.
Весникот „Доминикана тудеј“ пишува дека на имотот било пронајдено писмо на српски јазик, во кое Вољенка Илиќ напишала дека не сака да продолжи да живее.
Полицијата и Министерството за јавност вршат детална истрага за да се утврди дали се работи за самоубиство или убиство.
Инаку, телото на Вољенка Илиќ е пренесено во Националниот институт за форензички науки во Сантијаго, каде ќе биде извршена обдукција.