Пејачката Тамара Тодевска стана глумица. Тамара изигра епизодна улога во ТВ серијата “Преспав”, каде што една од главните улоги ги игра нејзината сестра, Тијана Дапчевиќ. Тамара ја глумеше пејачката Косара Котеска, која требаше да настапи на свадба на гости на пансионот. Свадбена веселба на крајот не се случи затоа што на “пејачката” и пукна водењакот. Тамара овие сцени ги снимаше додека беше бремена со синот Дарен, кој се роди минатиот месец.
Новата година, на својот Фејсбук и Инстаграм профил, таа на своите фанови им ја честиташе со семејна фотографија, со сопругот Александар, ќерката Хана и со синот.