1. Губење на килограми
Водата е едно од најдобрите средства за губење на килограмите, прво, зошто ги заменува висококалоричните пијалоци како што се газираните, обичните сокови и алкохолот. Исто така, водата е одличен потиснувач на апетитот, и кога често мислиме дека сме гладни, ние всушност сме жедни. Водата нема масти, нема калории, јаглени хидрати и нема шеќер. Конзумирајте многу вода за да ви помогне во борбата со калориите.
2. За здравје на срцето
Пиењето на предвидената количина на вода го намалува ризикот од срцеви болести. Истражувањата покажале дека тие што пијат повеќе од 5 чаши вода на ден, имале 41% помали шанси да добијат срцев удар од тие што пиеле помалку од 2 чаши.
3. Енергија
Доколку дехидрираме, губиме многу енергија и се чувствуваме уморно. Доколку сме жедни, а веќе дехидрирани, тоа може да води до замор, болка во мускулите, омалаксаност и други симптоми. Затоа пиењето вода совршено се справува со овие проблеми.
4. Лек за главоболка
Друг симптом на дехидратацијата се главоболките. Всушност, кога често имаме главоболка, тоа едноставно е поради тоа што не пиеме доволно вода. Нормално, има и многу други фактори кои предизвикуваат главоболка, но дехидратацијата е најчестиот фактор.
5. Здрава кожа
Пиењето вода ја чисти кожата, а кај луѓето кои редовно пијат вода, се забележува одреден сјај на нивната кожа. Нормално, тоа нема да се случи преку ноќ, но доколку го практикувате ова за време од 2 до 3 недели, доволно количина на вода би имало добар ефект на вашата кожа.
6. Дигестивни проблеми
Нашиот дигестивен систем има потреба од вода за да може да ја дигестира храната соодветно. Често, водата помага и за стомачната киселина, а помага и во лечењето од вртоглавица.
7. Чистење на организмот
Нашето тело има корист од водата која ја конзумираме, бидејќи го чисти од токсините и отпадните продукти.
8. Ризик од рак
Поврзано со дигестивниот систем, пиењето на вода исто така е забележано дека го намалува ризикот од рак за 45%. Пиењето вода го намалува ризикот од рак на дебелото црево за 50% и го намалува ризикот на рак на дојката.
9. Подобри вежби
Кога сме дехидрирани, тоа негативно влијае на нашата атлетска подготвеност. Кога спортуваме, на телото му треба повеќе вода, затоа осигурајте се да пиете вода пред и после вежбањето.