По апсењето на поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, отвори случај „Геникс“, во кој 16.136.150 за леење на споменици од „Скопје 2014“ им биле дадени на италијански леарници кои работата ја завршиле за многу помалку пари.
Експремиерот Никола Груевски, ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска, ексминистерот за финансии Зоран Ставревски се дел од осомничените во предметот „Скопје 2014“ заедно со поранешните градоначалници на Центар, Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова. Вкупно 15 лица се под истрага за набавка на десетте споменици дел од проектот, за кој се води постапката.
Меѓу спомениците за кои се води постапката се „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“, лавовите, Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Цар Самоил, Првото заседание на АСНОМ – изработени од исто правно лице во Италија.
Парите се примени од Министерството за култура како капитални дотации. Осомничените лица одбрале леарница, која самостојно не ги исполнувала условите, а биле исфрлени другите понуди за леење на спомениците. осмоосомничен е италијански државјанин, кој ја дал понудата иако немал фирма за дејност леење. Со поддоговори сумата била пренесувана на други леарници со пониски цени, а прикажувал дека тој леел
Голем дел од оваа сума се враќала во Македонија и била подигнувана во готовина а потоа префрлувана на сметките на други правни лица. Текот на парите бил прикриван со конверзија
„Истрагата е во тек но треба јавноста да биде запознаена. Дел од осомничените се лишени од слобода и Обвинителство има предлог мерки притвор за одреден број на лица и замрзнување на имот – на недвижности, удели и банкарски средства. Неколку претреси се извршени заради спречување на понатамошно оттуѓување“, рекоа од ова Обвинителство.