Помладата сестра на британската војвотка Кејт Мидлтон, Пипа Мидлтон Метјус се појави во бикини само два месеци после породувањето. Таа и нејзиниот сопруг Џејмс Метјус ги слават празниците на Карибите, а брачната двојка е фотографирана во океанот.
Пипа која го роди синот Артур се породи пред само 10 недели, а сега покажа дека нејзиното тело во бикини изгледа како никогаш да не родила. Таа и за време на бременоста била многу активна. Честопати папараците ја забележуваа како вози велосипед низ Лондон и покрај тоа што била во доцна бременост.
Инаку, сестрата на војвотката Кејт Мидлтон, со својот сопруг Џејмс се венчаше во мај, 2017 година.