За само неколку дена се собраа донации од 50.000 евра за лекување на Кристијан Коцев-Кико момчето кое чера ја загуби најважната битка. Јутјуберот Стефан Лазаров кој беше главен иницијатор за донациите откри каде ќе завршат собраните средства.
„Парите ќе бидат донирани на друго дете. Ако не успеавме да го спасиме Кико, ќе дадеме се’ од себе да спасиме некое друго дете. Хуманитарниот концерт во вторник ќе се одржи и ќе дадеме се’ од себе сите што треба да учествуваме. Сакам сите да дојдете, да ја наполниме салата за Кико, да пееме песни за Кико и сите средства што ќе ги собереме ќе ги донираме на друго дете“, низ солзи порача Лазаров.
Кико требаше да замине на лекување во Турција. За него беа собрани 50.000 евра донации, но почина откако состојбата му се влоши во последните два дена.
Инаку, Погребот на малиот борец ќе се одржи во денеска, од 1.30 часот на градските гробишта во Штип.