Група од четири студентки од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ја креваат свеста против насилството на интернет кај помладата популација.
,, Навистина сме згрозени и фрапирани од работите на кои наидуваме по социјалните мрежи. Децата се константно изложени на сајбер насилство кое веќе станува нормализирано. Моравме да дадеме наш удел во борбата против оваа нова болест” – велат тие.
Првиот чекор започна локално. Тие во мај одржаа обука во едно скопско училиште за деца од четврто до седмо одделение. Обуката, која беше организирана во соработка со училишната администрација, имаше за цел да ги образува и поттикне учениците да бидат свесни за ризиците на сајбер насилството и да го препознаат и спречат таквото поведение. Присутните ученици беа активни во обуката и им поставуваа различни прашања на студентките, изразувајќи интерес и загриженост за сајбер безбедноста. Обуката се изврши на интерактивен начин, со користење на примери и сценарија кои им помогнаа на учениците да ги разберат последиците и важноста на сајбер безбедноста.
Во иднина се надеваме дека ќе видиме повеќе примери за кревање на свеста кога станува збор за сајбер насилството кај тинејџерите.