ПРИДОНЕСУВА ЗА ДОЛГОВЕЧНОСТ: Доктор откри која храна редовно ја консумира

by Тони Зографски

КАКО ЛЕКАР и научник за храна Др. Вилијам Ли поминал 20 години проучувајќи како исхраната може да ни помогне да ги победиме болестите и да живееме подолго.
„Отсекогаш ја базирав мојата исхрана на природна храна, а голем дел од мојата кујна е инспирирана од уникатната мешавина на двете најголеми прехранбени култури во светот – Медитеранот и Азијата. Јас ја нарекувам Медитеранска диета“, објаснил тој за CNBC.
И во Медитеранот и во Азија постојат таканаречени сини зони, области со најголема концентрација на стогодишници во светот.

Д-р. Ли навел шест основни групи на храна што ги консумира за да го зајакне имунитетот и да остане здрав.

Овошје
Од овошјето др. Ли најмногу конзумира јаболка, круши, грејпфрут и авокадо.

Зеленчук
Кога станува збор за зеленчукот, основата на неговите јадења се брокулата, сојата, морковите и печурките.

Мешунките
Од мешунките докторот ги издвојува белиот грав и леќата.

Спакувана храна
Ако мислевте дека пакуваната храна се однесува на претходно подготвена и готова храна, се лажете. Д-р. Ли од пакувана храна редовно купува екстра девствено маслиново масло и јаболков оцет.

Морска храна
Лососот, икрата и сардината се незаменливи на менито на др. Ли.

Пијалок
Покрај водата, др. Ли пие мача чај (вид зелен чај) и оолонг чај.

останати вести