Вистинската драма се одвивала пред неколку дена на станицата „Караѓорѓев парк“ во Белград, кога налетал воз во моментот кога мајка, водејќи го за рака својот мал син, ги минувала шините.
Машиновозачот ја предупредил на опасност, а жената после тоа почнала да трча.
Го влечела детето најбрзо што можела, но возот ја стигнувал. Кога се приближила до платформата и се обидела да го подигне синот, помлад маж скокнал од блиската клупа и ги повлекол на платформата.
Сите тројца паднале на бетонот, веројатно несвесни за несреќата што ја избегнале, со оглед на тоа што само неколку моменти подоцна покрај нив поминал воз.