Откриен магичниот напиток заради кој Кејт Мидлтон има совршена линија

by Тони Зографски

Кејт Мидлтон откако се појави во јавноста е буквално истата – исклучително вита, затегната и здрава, па поради тоа вечно се водат полемики како успева. Нејзината вита става е резултат на здравиот живот, тренинзите, но и балансираната исхрана.

Луѓе блиски до неа велат дека Kejt со години ги нема сменето навиките, секое утро го јаде истиот појадок: овесна каша богата со протеини, јаглехидрати и влакна, која долго ја држи сита и ѝ дава доволно енергија за сите обврски. По овесната каша, најчесто пие зелен кашест сок во кој има: ѓумбир, круша и авокадо.

Потребни состојки:

  • 200 мл кокосова вода
  • половина авокадо
  • 1 круша
  • 1 лажица свежо цеден лимонов сок
  • 1 грст спанаќ
  • 1 см исечкан корен од ѓумбир
  • 2 свежи коријандера

Начин на приготвување: Ставете ги сите состојки во блендер и добро изматете.

Kejt Midlton

останати вести