Менаџерка на ресторанот „Арбис“ во Луизијана починала во ладилникот на ресторанот, откако била заробена внатре.
Таа пред нејзината смрт, удирала со рацете толку силно на вратата од замрзнувачот што останале траги од крв, се вели во тужбата што ја поднеле членовите на нејзиното семејство против сопственикот на синџирот за брза храна.
Четирите деца на Нгујет Ле (63) бараат отштета од најмалку 1 милион долари од синџирот ресторани „Турбо“ и сопственикот на франшизата, тврдејќи дека смртта на нивната мајка била поради невнимание, бидејќи вратата на замрзнувачот била скршена околу девет месеци и никој не организирал поправка.
„Турбо“ ресторани е подружница на „Sun Holdings“, која поседува стотици синџири ресторани низ САД, како што се „Арбис“, „Бургер Кинг“ и „Еплби“.
Децата на Леа тврдат дека нивната мајка пристигнала на работа утрото на 11 мај за да го отвори ресторанот. Во еден момент била заробена во замрзнувачот каде што биле минус 23 степени Целзиусови, пишува „Гардијан“.
Малку подоцна синот и колегата од работа ја нашле во стуткана положба. Инспекторите пронајдоа крв од внатрешната страна на вратата на замрзнувачот, која најверојатно била предизвикана од повреди кога Леа се обидувала некој да ја слушне и да ја спаси. Обдукцијата покажала дека 63-годишната жена починала кога нејзината телесна температура се спуштила на смртоносни нивоа.
Децата на Леа во тужбата тврдат дека нивната мајка работела како генерален директор на „Арбис“ во Хјустон. Но, во февруари, нејзиниот претпоставен привремено ја испратил да управува со филијала во Њу Иберија, Луизијана, на околу три и пол часа возење.
Таа требаше да остане таму само четири недели, но надзорникот додаде уште две. Децата на Леа тврдат, повикувајќи се на информации што ги добиле од поранешен вработен во ресторанот, дека бравата на вратата на замрзнувачот била скршена најмалку од август минатата година и дека вработените користеле шрафцигер за да ја отворат и затворат вратата.