Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Пред Овните е тешка работна недела, затоа што ќе мораат да се соочат со пропустите од минатото. Бидете максимално смирени и фокусирани и нема да имате поголеми компликации.
ЉУБОВ: Поволен период за проверка – размислете за тоа што не сте, а сте можеле да го направите. Тоа ќе ви помогне да ги подобрите односите со партнерот. Слободните Овни со мала помош на пријателите ќе запознаат многу интересна личност. Солидна ситуација за брак.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со коските.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Одлична бизнис состојба. Конечно ќе имате можност да покажете дека не поседувате само шарм, туку и знаење.
ЉУБОВ: Биковите кои се во тазе врска ќе доживеат голема криза – Вие и партнерот ќе се одалечите едни од други. На Биковите кои се во брак ќе започнат да им пречат секакви работи, па можна е сериозна кавга. Слободните Бикови ќе бидат преоптеретени со работата, па ќе немаат време за дружење.
ЗДРАВЈЕ: Одлично ќе се чувствувате во оваа недела.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: И оваа недела ќе бидете насочени само на финансиите. Поради тоа ќе прифатите секаква работа која ќе ви биде понудена. Обидете се да се насочите на една работа, а не да талкате како „мува без глава“.
ЉУБОВ: Слободните Близнаци би можеле да запознаат некоја интересна личност која има поврзаност со странство. Близнаците кои се во врска треба да испланираат кратко патување со партнерот, ќе ви годи повторно да се поврзете.
ЗДРАВЈЕ: Ќе почувствувате болки во коските.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Одлична работна недела за сите Ракови. Што се однесува до работните цели, се лесно ќе постигнете. Меѓутоа, можни се мали проблеми со колегите, но немојте да дозволите некој да ве изнервира.
ЉУБОВ: Размислувате за некоја личност од минатото, но немате доволно храброст да и се јавите. Раковите кои се во врска ќе имаат сериозен разговор со партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Реумата ќе претставува проблем.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Плановите кои ги правите веќе подолго време не добија поддршка од колегите и раководителите. Не дозволувајте тоа да ве демотивира.
ЉУБОВ: Слободните Лавови ќе запознаат многу интересна личност, која ќе ги заинтригира. Лавовите кои се во врска повеќе ќе бидат фокусирани на пријателите отколку на партнерот, па поради тоа во најава е кавга.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со забите и непцата.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Имате чувство дека стагнирате и тоа ве загрижува. Искористете ја оваа недела да направите конкретни планови за следната година.
ЉУБОВ: Зафатените Девици можат да очекуваат стабилен однос со партнерот, додека слободните Девици ќе запознаат многу интересна личност преку работата.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со дишните органи.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Пред Вагите е напорна работна недела. Ќе имате многу повеќе работа отколку вообичаено, но тоа нема да ви претставува проблем. Можно е да слушнете некои тајни поврзани со колегите кои ќе ве изненадат.
ЉУБОВ: Кога љубовта е во прашање ситуацијата е сосема солидна. Поради тоа што се уште сте во фаза на дружење, излегување, запознавањето на нови луѓе, постои голема шанса во некој метеж да запознаете потенцијален партнер. Вагите кои се во врска се презадоволни со истата и своето внимание го насочуваат кон партнерот. Состојбата е поразлична кај Вагите кои се во брак. Додека тие уживаат во интензивниот друштвен живот, партнерот е расположен за самотија.
ЗДРАВЈЕ: Алергиски реакции.
Скорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Пред Шкорпиите е поволна работна недела. Некои работи биле блокирани и ве нервирале, сега конечно се придвижија и тоа делува позитивно на вас. Доколку сте на повисока позиција можно е одложување на некој состанок или краток пат. Доколку се занимавате со приватен бизнис, состојбата ќе биде задоволителна. Можен е поголем прилив на пари.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, генерално состојбата е поволна. Слободните Шкорпии имаат интензивна потреба да најдат партнер и да му се посветат. Шкорпиите кои се во врска имаат нагласена потреба што подолго време да минуваат со партнерот. Шкорпиите во брак се задоволни со истиот и тука ништо нема да менуваат.
ЗДРАВЈЕ: Можни се повреди, поради тоа бидете внимателни.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Пред Стрелците е сосема солидна работна недела. Може да се случи овие денови да бидете фокусирани на парите многу повеќе отколку обично. Доколку сте на некоја раководна функција може да дојде до одложување на некои планови. Тие во суштина не се лоши, но не е вистински момент за нивна реализација.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта состојбата е следнава: слободните Стрелци преку пријатели ќе запознаат потенцијален партнер. На Стрелците кои се во врска истата им се движи во нагорна линија. Сепак состојбата не е најповолна за Стрелците кои се во брак. Партнерот ќе има трошоци за кои нема да ве извести.
ЗДРАВЈЕ: Вашето здравје ќе биде сосема солидно.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Повеќето договори кои ќе ги воспоставите ќе бидат одложени за во иднина, а тоа на вас не ви е од корист. Можни се поголеми парични приходи, но со себе ќе донесат импулсивен трошок на некоја беспотребна работа.
ЉУБОВ: Јарците преку работа можат да го запознаат потенцијалниот партнер. Јарците кои се во врска уживаат во истата. Состојбата е шаренолика кај Јарците кои се во брак: некои работи кријат од партнерот, а партнерот изгледа како да не е премногу заинтересиран за тоа што се случува со вас.
ЗДРАВЈЕ: Настинка и грип.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Пред Водолиите е вообичаена работна недела. Размислуваат како да заработат уште повеќе пари.
ЉУБОВ: Кога љубовта е во прашање, ситуацијата не е прикажана како најдобра. Слободните Водолии размислуваат за личности од минатото. Размислуваат и како да го обноват контактот, но засега не се осудуваат да го направат ота. Водолиите кои се во врска не се премногу задоволни од истата, но засега не разговараат со партнерот за своето незадоволство. Состојбата е солидна кај Водолиите кои се во брак. Брачниот партнер ќе биде насочен повеќе кон работата, отколку на семејството во текот на оваа недела.
ЗДРАВЈЕ: Вашата здравствена состојба полека се подобрува.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Пред Рибите е сосема солидна работна недела. Тие имаат прагматични планови, но и енергија да ги реализираат. Ова не е поволен период за Рибите кои се занимаваат со приватен бизнис. Нешто за што сте сметале дека е завршено или договорено ќе биде одложено за понатаму. Доколку сте планирале некоја работа со пријателите ќе дојде до одложување на истата.
ЉУБОВ: Слободните Риби мечтаат за некоја личност од странство. Рибите кои се во врска се задоволни со љубовниот аспект во животот. Ситуацијата единствено не е поволна кај Рибите кои се во брак. Партнерот се лути, но ниту еден од вас не е доволно подготвен за отворен разговор.
ЗДРАВЈЕ: На поле на здравјето, не се на повидок проблеми.