Тринаесетгодишниот Коста кој на 3 мај уби осум врсници и училишен чувар, додека деветтото дете почина подоцна во болница, секојдневно бара да биде пуштен од болница затоа што смета дека немал причина да остане во болница, објавија српските медиуми.
Според извори на српски „Блиц“, тој секојдневно им го поставува на лекарите прашањето „дали излегувам денеска“, коментирајќи дека „нема повеќе причина да е тука“, бидејќи „сите прегледи се завршени“. Од друга страна, лекарите сметаат дека момчето-убиец се уште е опасност за околината и дека постои можност да го повтори истото или слично кривично дело, доколку има можност.
Младиот Кецмановиќ моментално е во специјална институција, во изолација. Лекарите вршат вештачења и дополнителна дијагностика.
Српскиот претседател Александар Вучиќ по масакрите во училиштето и во околината на Младеновац рече дека ни еден од убијците веќе нема да види бел ден.