Дедо Владо е во пензија и има 75 години. Тој има завршено осмо одделение и целиот свој работен век го поминал како градежен работник. Тој сепак се разликува од другите пензионери.
“ Им се чудам на пензионерите. Наместо да излегуваат кога имаат потреба, тие стануваат наутро рано и се возат од прва до последна станица. Не ми е јасно. Зарем немаат фамилија. Зарем немаат совест, дека треба да отстапат место на некој кој работел цел ден, на некој кој учел цела ноќ, на некој кој е болен и на кој навистина му треба да седне. Се чудам, како им се излегува на овој воздух, како им се излегува кога надвор е минус, или пак во текот на летото кога е многу топло“ вели дедо Владо и додава:
“Јас кога имам некоја потреба за да одам со автобус, гледам тоа да не бидат тие денови, не ми е проблем да платам карта, ама знам дека ќе седнам како човек и како што заслужува секој“.
Тој вели дека многу пати до сега има зборувано со своите пријатели, пензионери, на оваа тема, но никогаш не дошло до разбирање.
“Тие сметаат дека залужиле за такво нешто и дека треба да искористат. Такви сме ние, прост народ„, вели тој.
Дедо Владо упатува апел до сите пензионери, да си седам дома, да ослободат место на некој, на кој навистина му е потребно.
“Искористете го слободното време за да бидете со најмилите. Животот е краток за да го поминуваме во автобус од една на друга станица“, апелира тој.