Мајката на Коста Кецмановиќ (13), осомничен дека убил 9 ученици и чувар, а притоа ранил и уште шест лица меѓу кои и наставничка во основното училиште „Владислав Рибникар“, е сослушана вчера во Полициската управа на Белград, а како што пишува српски „Telegraf“, таа одговорила на 10 прашања.
1. Колку често го гледала синот, односно кај кого престојувал повеќе, кај неа или кај таткото В.К.?
2. Дали знаела дека тој одел на стрелиште?
3. Ако знаела, каков бил нејзиниот став за тоа?
4. Дали момчето се однесувало чудно?
5. Дали момчето било малтретирано и запоставено, т.е дали нешто му било скратено, одбиено нешто, дали се жалело на нешто…?
6. Што е последното нешто што ѝ го рекол пред да го изврши масакрот?
7. Дали имал некакво трауматично искуство?
8. Каков однос имал со неа, со татко му, со семејството, со пријателите?
9. Колку знаела за неговите интереси и какви биле тие?
10. Каков бил нејзиниот однос со таткото В.К.?
Првото основно јавно обвинителство во Белград утврдува дали М.К., мајката на момчето кое го изврши масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“, сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице.