Туристички автобус од Бугарија целосно изгоре на провинцискиот пат Сидирокастро-Капонофитос, во висина на мостот на влезот на Капнофитос, во Серес, објави грчката телевизија ЕРТ.
Пожарот настанал под засега непознати околности, а возачот веднаш го запрел возилото и ја известил противпожарната служба.
Патниците, кои со автобусот се упатиле кон пештерата Вознесение во Ахладохори, каде што се одржуваат верска прослава на празникот Вознесение Господово, безбедно се симнале од автобусот.
Како што пренесува ЕРТ, петмина пожарникари со две противпожарни возила од противпожарната служба на Сидирокастро веднаш интервернирале и го изгаснале пожарот.
Причините за пожарот ги истражува истражното одделение на Противпожарната служба Серес.
Извор: ertnews.gr