Слободан Негиќ, таткото нiа девојчето кое почина во основното училиште „Владислав Рибникар во исповед за српски „Курир“ вели дека мора да каже што се случувало во училиштето по масакрот и оти се уште е рано остнатите деца да се вратат на на наставa.
Негиќ раскажа настан кој се случил пред неколку дена под покровителство на ова училиште.
-Докторот кој по трагедијата бил испратен во „Рибникар“ за да им помогне на децата и родителите ги внел децата во канцеларија и им пуштал народна музика и им рекол дека треба да се поврзат со духовите и душите на нивните починати пријатели.
Тој посочи дека имало „преголем притисок и се уште има притисок да се вратат децата во ОУ „Владислав Рибникар“ на некаква редовна настава.
Негиќ проговори и за најшокантните моменти во животот.
– Денеска во очите на луѓето видов вистински страв за сите нас и ќе ви кажам нешто. Кога бев на погребот на ќерка ми, ми пријдоа многу луѓе. Многумина воопшто не ги познавав, но гледам дека не им е лесно на оние луѓе кои ми приоѓаат да изразат сочувство, а ниту јас да ги примам. Подоцна, по погребот, почнав да им гледам во очите на тие луѓе и да им се заблагодарувам на сите гледајќи ги во нивните очи – изјави Негиќ.
– Мојата Софија го доби името затоа што јас и мојата сопруга Миланка сакавме малку да се пошегуваме, бидејќи јас сум магистер по филозофија, а нејзиното моминско презиме е Мудроша, па ја нарековме Софија по божицата на мудроста. Ќе ти кажам и нешто што ме научи мојата Софија. Имаше ситуации во кои мама се лути што собата е во хаос, па јас, да ја заштитам, се расправав. Но, Софија секогаш беше единствена задоволна кога слушаше и гледаше во моите очи кога гледаше дека јас и мајка ѝ сме полни со љубов. Нејзиното име навистина е нејзината судбина. Таа не научи дека и денес гледам на секој од вас во очи и да бидам благодарен што ми давате емпатија. Мудроста на тоа дете ме научи да го гледам секој од вас во очи и денес и да бидам благодарен за вашата емпатија. Има многу, погледни го Игор (Јуриќ), погледни ја госпоѓата Снежана (Миљевиќ), погледни се Оља, солзи ти паѓаат. Ви благодарам на сите, разберете дека понекогаш единствената причина за борба кај човекот е тоа што има луѓе околу себе и дека тука треба да научиме голема лекција дека се работи за нас, луѓето, за нашите судбини. Тешка ми е судбината, но ќе ја поднесам и како што мудро ме научи Софија – изјави Слободан Негиќ.