Скот Харагучи ловел риба три километри од островот Оаху на Хаваите и го снимал уловот со GoPro камера.
Откако ја фатил рибата, ја оставил вклучена камерата. „Имав многу лоша среќа што ме нападна, но многу среќа за тоа што го снимив“, изјавил Харагучи за локалната ТВ станица КИТВ.
На видеото објавено од Харагучи на Јутјуб се гледа како ајкулата го напаѓа кајакот, а Харагучи вреска од страв додека за малку ќе го превртеше. Мажот потоа успеал да ја клоцне ајкулата, по што животното се вратило во длабочините на морето.
„Тигреста ајкула! Ме нападна тигреста ајкула! Боже“, се слуша како извикува Харагучи по нападот. На каналот Јутјуб напишал дека сè се случило толку брзо што не сфатил што точно се случило додека не го погледнал видеото дома.
Тој за КИТВ изјавил дека претпоставува дека ајкулата ловела повредена фока што ја видел во близина: „Мислам дека ајкулата ја повреди фоката. Чекаше да умре, се врати и мислеше дека сум фока и ме нападна“.