Во регионот Емилија-Ромања, Србинот Ѓорѓе Пантиќ помогна да се спасат две лица од поплавите. Водата беше до еден метар. Меѓу луѓето кои скокнаа во водата и успеаја да допливаат до нив и да ги спасат е и Пантиќ. Ѓорѓе го зема бебето од прегратките на мајката и го стави на рамениците. Жената го следеше. Водата им беше речиси до рамениците. Бебето го донесе на безбедно, а луѓето и помогнаа на исплашената жена да се пробие низ водата.
Пантиќ работи во Италија како готвач, а инаку е син на познатиот писател Михајло Пантиќ.
Најмалку шест лица загинаа, а илјадници се евакуирани од своите домови по поплавите што го погодија северниот дел на италијанскиот регион Емилија Ромања.
Излевања на реки и поплави има во Хрватска и во БиХ.
Situazione drammatica in #EmiliaRomagna. Pesante alluvione.
Sarà allerta rossa anche domani. Nel frattempo le immagini che arrivano dalla Romagna fanno paura.
In questo video il salvataggio di una mamma con la sua bimba di tre anni a Cesena.#16maggio | #AllertaMeteoER pic.twitter.com/d9GKeRhxki
— Giovanni Cristiano (@Jo_Reporter) May 16, 2023