Астрологот Тамара Глоба истакна дека во текот на летото 2023 година, среќата ќе го придружува Овенот. Претставниците на овој хороскопски знак добро ќе се снајдат на секое поле. Што ѝ да допрат, се‘ ќе им успее.
„Јупитер, ѕвездата на кралевите, влезе во знакот Овен. Оваа година ќе биде период на успех, раст во работата, нови можности и проекти“, рече Глоба.
А на крајот на мај, како што истакна астрологот, Овенот ќе го подобри и личниот живот. Ќе ја пронајдат долгоочекуваната љубов за која долго време сонувале.
Од друга страна, Глоба ги предупреди Девиците да не се расфрлаат со пари, особено кон крајот на пролетта. Според експертите, деновиве треба поекономично да ги менаџираат финансиите, а не да ги расфрлаат каде што не треба.
„Тешкотиите се поврзани со трошоците, па што и да заработите, веднаш ќе потрошите. Не тресете го многу паричникот доцна пролет“, вели Тамара.
Покрај тоа, претставниците на овој хороскопски знак треба да направат пауза. Астрологот препорачува да се оди на одмор, пред вредните Девици да почнат да имаат сериозни здравствени проблеми.