Заменичката на шерифот Тамиека Вајт (46) од Индијана, САД, загинала откако со голи раце се обидела да го одбрани синот од нападот на бесно куче кое упаднало во нивниот дом.
Вајт, која со години работела за шерифот на округот Мерион, била прогласна за мртва набргу откако полицијата во Индијанаполис одговорила на напад на куче во дом на источната страна на градот во вторникот вечерта.
Кучето го изгризало и нејзиниот осумгодишен син, кој се опоравува од повредите во болница. Според медиумите, детето истрчало кај соседите, кои повикале помош.
– Загина штитејќи ја најважната личност во нејзиниот живот – изјавила Британи Селигман од канцеларијата на шерифот ден по трагедијата.
Полицијата во Индијанаполис соопштиле дека агресивното куче било застрелано од полицаецот кој прв пристигнал на местото на нападот бидејќи животното го нападнало и него.
Вајт, која нејзините колеги ја опишаа како жена со мал раст и големо срце, работела како заменик на шерифот од 2007 година во одделот за извршување на судот, кој го надгледува транспортот на затворениците до судења, односно доставува судски документи.
Селигман изјави дека секогаш имала насмевка на лицето и имала страст за билијард.
– Секој што ќе ја предизвикаше на забава, брзо ќе сфатеше дека не може да се справи со заменик Вајт – рече Селигман и нагласи дека убиената жена била пред сѐ посветена мајка.
Полицијата во Индијанаполис соопштила дека сопственикот на кучето е идентификуван, но одбиле да објават повеќе информации. Контролата на животните во Индијанаполис соопштиле дека од сопственикот биле запленети три кучиња и една мачка.
– Не можеме да ги потврдиме расите без ДНК тест – соопштиле од службата, додавајќи дека сите кучиња изгледаат како питбули.