Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски објави фотографии од полициско возило паркирано на зелена површини и на велосипедска патека.
– Најстрого ги осудувам ваквите вандалски однесувања посебно кога доаѓаат од страна на овластени службени лица. Класичен пример како не треба, за жал со оваа се потврдуваат многуте тврдења на локалната самоуправа дека тој кој што со закон е обврзан да го прави редот прв и во континуитет го крши.
Возилово на МВР е паркирано преку тревникот и живата ограда на тротоарот и велосипедската патека на влезот на градот на новиот кружен ток на бул. „Трета МУБ“, иако на десет метри на спротивната страна од улицата има новоизграден паркинг простор кој во овој момент е полупразен., објави Димитриевски.