Српскиот министер за економија Раде Баста предложи да се урне основното училиште во Белград каде што беше извршен масакрот минатата недела. Да потсетиме, минатата среда 13-годишно момче уби осум деца и еден обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“, а рани уште шест деца и еден наставник по историја.
„Повикувам на единство на власта и опозицијата да се изгради спомен-парк за децата кои загинаа на местото на училиштето за да им остане вечен споменот. Сегашното училиште треба да се урне, а да се изгради ново училиште некаде во близина“, напиша Баста на Инстаграм.пренесува Нова.рс.
Покрај споменатиот предлог, Баста објави и вест од РТС во која членот на Советот на родители Милена Васиќ вели дека децата сакаат да се вратат на училиште, но не на тоа место.