Наставничката по историја, која ја рани ученик (13) во масакрот во белградското училиште, не може да поверува што им направило момчето убиец, па во разговорот со лекарите постојано повторува дека немало нешто што укажувало на тоа дека Коста К. би го направил овој крвав чин!
Според лекарите кои се грижат за неа на хируршкото одделение на Клиничкиот центар, иако сега е надвор од животна опасност и вели дека се чувствува добро, наставничката по историја Марија е во состојба на шок и го повторува само ова:
“Боже , Боже, што ни се случи! Што му требаше ова?
Како што пренесуваат српските медиуми, поради сериозноста на повредата ја чека уште една ортопедска операција.
Инаку, во средата седмоодделенец уби осум деца и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во белгардската населба Врачар, а рани шест ученици и еден наставничка по историја употребувајќи го пиштолот на својот татко.
Поради загрозување на општата безбедност, неговиот татко е приведен и одредена му е мерка притвор до еден месец, додека момчето е на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади!