Малолетно девојче во Србија заврши на информативен разговор бидејќи се исмевала со масакрот во училиштето „Владимир Рибникар“ на Врачар во Белград.
Девојчето во видео на Тикток го величала и осомничениот 13-годишен извршител на убиството Коста К.
https://twitter.com/i/status/1654261200220311552
Во видеото кое е со вознемирувачка содржина девојчето изговара морбидни зборови и во еден момент дури вели дека Коста ќе излезе од затвор, но мртвите никогаш нема од сандаците.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија за тамошните медиуми соопштија дека со оглед дека станува збор за малолетно девојче, ќе бидат поднесени пријави против нејзините родители.
Во пукање во основното училиште во средата наутро, 13-годишникот уби девет лица (чуварот и осум деца) и рани седуммина.