СЕКОЈ КУРШУМ КОЈ ЌЕ ГИ ИСПУКАМ МИ СОЗДАВА МАЧНИНА“: Потресна објава на позната српска спортистка (ФОТО)

by Тони Зографски

Прославената репрезентативка на Србија во стрелаштво, Ивана Максимовиќ Анѓушиќ, се огласила на социјалната мрежа Инстаграм по стравичната трагедија која се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.

Освојувачката на сребрен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, длабоко е потресена по масакрот на Врачар.

Да ве потсетиме, 13-годишното момче во средата во ОУ „Владислав Рибникар“ уби осум ученици и чуварот на училиштето, а рани уште шест деца и наставничката по историја.

„Мачни денови, мачни тренинзи… Земјата се врти, животот продолжува, но секој куршум кој ќе го испукам создава мачнина во стомакот. Зошто дете од 13 години вежбало со огнено оружје? Зошто детето имало пристап до пиштолот на татко му?“, прашува Ивана.

Таткото на Иван, Горан Максимовиќ, исто така бил олимписки шампион по стрелаштво, па во нејзиниот семеен дом имало оружје.

„Секогаш сум мислела дека мојата мајка греши што ги крие деловите од пиштолот на татко ми настрана, на различни места, никој да не знае каде се затоа што доколку влезе провалник, ти можеш да се одбраниш? Огненото оружје не е за деца, не е игра. Со стрелаштво децата почнуваат да се занимаваат во тој период, но исклучиво во стреланите каде се гаѓа со воздушно оружје и секогаш со надзор на тренер и прикладна обука“, вели српската спортистка.

останати вести