“МЕНЕ МИ Е ТЕШКО ДА ГО ЧИТАМ ОВА”: Водителката на ТВ Прва расплакана во текот на преносот во живо (ФОТО)

by Тони Зографски

Масакрот во ОУ „Владислав Рибникар” во кој беа убиени осум деца и човекот од обезбедувањето ја растревожи не само Србија, туку и сиот регион остана шок.

Во средата, откако бил уапсен, ученикот К.К. изјавил дека пукал во соучениците и вработените во училиштето, а пред сведочењето изјавил дека е психопат.

Потресната вест ретко кого оставила рамнодушен, па така ни водителката на „ТВ Прва”, Бојана Ристивојевиќ, која не успеала да ги задржи солзите додека ги најавувала гостите за време на емисијата „Јутро”.

„Тешко ми е дури и да го прочитам ова…”, биле зборовите на водителката, додека се обидувала да ги задржи солзите при претставувањето на гостите Игор Јуриќ и психологот Билјана Лајовиќ.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

останати вести