Ученик од седмо одделение започнал да пука од огнено оружје на час.
Според дел од српските медиуми во инциденот се убиени 8 ученици, професорка и чуварот на училиштето.
ТВ Пинк пренесува дека 14 годишен ученик пукал во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“ и го убило чуварот. Неколку ученици се повредени.
Според истиот медиум ученик од тоа училиште, кој е седмо одделение, дошол во училиштето вооружен и почнал да пука, сето тоа траело околу пет минути.
Пет ученици се пренесени во болница и се во стабилна состојба . На терен се голем број екипи на брзата помош и полицијата.
Во Тиршова болница се префрлени три деца, од кои едното е во животна опасност, соопштија за Танјуг од болницата. Две деца се пренесени во Ургентниот центар во Белград.
Ученикот пукал од пиштол, за кој се верува дека го донел од својот дом.Неофицијално ученикот испукал дури пет шаржери.
-Полицијата ги испратила сите расположливи патроли, веднаш излегла на терен и го привела осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение, кој, како што се сомнева, испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на оваа училиште – велат од српскиот МУП и додаваат дека лекувањето на повредените е во тек, како и работата на полицијата на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан.
На местото на настанот пристигнале и контрадиверзантски екипи, бидејќи во една училница бил пронајден ранец во кој имало пиштол и неколку шишиња со запалива течност. Засега не се знае кој го донел тој ранец.
Се уште се чека на официјална потврда за бројот на загинати и ранети.
Момчето кое употребило пиштол е уапсено.