ХОРОР ВО БЕЛГРАД: Чуварот убиен, наставничка и три деца повредени откако седмоодделенец пукаше во училиште

by Тони Зографски

Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Врачар. Ученик од седмо одделение е застрелан на час, убиен е чувар, а  неколку деца и наставничка се повредени, потврдено е за Бе92.нет.

Загина чувар, а не се знае точниот број на повредени ученици. Сè траело неколку минути, велат од полицијата.

Според неофицијални информации, едно момче и едно девојче се пренесени во Ургентниот центар. Некои медиуми наведуваат и дека меѓу децата има  мртви, но оваа информација не е потврдена, како и тоа дека неколку ученици биле пренесени на Детската клиника.

На терен се три екипи на Брза помош и голем број полицајци. На местото на настанот излезе и министерката за здравство на Србија, која според снимките од камерата на ТВ Прва,  видно е потресена.

останати вести