Клиника „Народни фронт“ во Белград , која на социјалните мрежи се претставува како Јелена, прави скандалозни видеа од операционата сала и ги шири на социјалните мрежи.
Корисниците на социјалната мрежата ТикТок синоќа имаа неверојатна можност да го проследат директниот пренос на породувањето на ГАК „Народни фронт“.
Од оваа институција велат дека се згрозени од ваквата постапка на медицинската сестра.
„Раководството на клиниката најостро ја осудува ваквата постапка на медицинската сестра и наведува дека е веднаш суспендирана, а поведена е и дисциплинска постапка“, се вели во соопштението од ГАК „Народни фронт“.
Очевидец изјави дека ноќеска во 4 часот и 30 минути, користејќи ја социјалната мрежа ТикТок, наишол на директен пренос на сметка на која се пренесува раѓање на непознато лице. Според него, повеќе од 200 луѓе го следеле породувањето во живо.
„Дали е можно како општество повеќе да немаме чувство за тоа што е правилно, а што не. Дали е можно некој да мисли дека нешто толку интимно како породувањето треба да се пренесува во живо. Профилот на TикТок, како и сите лекари при породување знаеле дека се емитува во живо, заслужуваат да сносат кривична, а секако и граѓанска одговорност. Нарушена е приватноста на пациентката, уште поважно нејзината чест“, вели очевидецот.
Hajde malo da popricamo o ovoj zeni. Ovo sta ona kaci i sta ona snima je zločin! Ženu u najranjenijem stanju snima za lajv na tiktoku zarad giftova i pregleda.. Šta je ovo Srbijo? Telefon u operacionoj sali i tiktok lajv za vreme porodjaja??? Zna li žena koja je radjala ovo??! pic.twitter.com/BeNtxc9Gxn
— depresivna sirena (@ekxekk) April 26, 2023