Доколку сеуште не сте одлучиле што ќе облечете за најлудата ноќ во годината, ние ве советуваме да изберете парчиња кои што веќе ги имате во својот плакар со цел да заштедите пари.
Оваа сезона во тренд се здолништата со тул и малку чипка, а можете да комбинирате и памук со чипка, доколку не сте љубител на тулот. Ова може да биде совршено решение за новогодишната ноќ – поради памукот ќе се чувствувате пријатно, а чипката ја дава нотата на елеганција. Доколку пак не сакате чипка, определете се за фустан со карнери.
Здолниште со карнери и малку тул и шљокици исто така преставува совршено парче за дочек. Со високи потпетици или балетанки, кратки или долги ракави, ова здолниште ќе делува гламурозно. Ако ви се допаѓа, немојте да се двоумите, сепак тоа можете да го носите само на новогодишната ноќ.
Накитот е задолжителен за секоја свеченост, па и за Новогодишната ноќ. Сепак доколку вашиот фустан има многу украси, избегнувајте огрлици, одлучете се за нараквица и дискретни обетки. Ако фустанот ви е еднобоен одлучете се за покрупни детали накит, масивна огрлица или нараквици во повеќе бои.
И за крај, вашата омилена комбинација за излегување збогатете ја со совршена ташничка, и имајте незаборавна новогодишна ноќ.