Вчера во германскиот град Улм, 40-годишен маж со нож си ја убил 7-годишната ќерка на својата партнерка.
Тамошната полиција соопштила дека самиот маж се јавил вчера во полиција и рекол дека го убил девојчето на теренот на училишниот центар во областа Виблинген.
Полицијата веднаш излегла на местото на злосторството и таму го затекнала 40-годишниот маж. Полицајците го привеле мажот во полициска станица, а вештаците во вечерните часови го затвориле местото на злосторството.
Германските медиуми пишуваат дека се уште е нејасна позадината на злосторството, а полицијата се уште истражува. Според полицијата, според моменталната состојба на истрагата, се работи за „чин внатре во семејството“ и немало никаква опасност за околното население.
Најпрво медиумите објавија дека убиецот е таткото на девојчето, но портпаролот на полицијата утринава за германски RTL изјави дека тој е партнер на мајката.