Страшно злосторство ја потресе Албанија, кога четириесетгодишниот Роланд Синани пукал од пиштол и ја убил својата снаа Мигена Синани, мајка на две деца, додека таа спиела во својата соба.
Потоа се застрелал во дворот на семејниот дом, пишува Нтв ал.
Албанската полиција го пронашла оружјето со кое е извршено убиството на неколку метри од сторителот, кој претходно се застрелал, што предизвикало сомнеж кај полицајците.
Подоцна било утврдено дека таткото на Роланд, инаку стар и склеротичен, кога синот се застрелал, отишол кај него, му го зел пиштолот од рака и го фрлил на неколку метри подалеку.
Инаку, пред убиството мајката на Роланд го пресретнала со пиштолот во рака и го замолила да го остави оружјето, а потоа отишла во собата и се подготвувала да легне кога ги слушнала истрелите. Слушнала крик и отишла во собата на својата снаа, каде покрај мртвата мајка затекнала девојче-внуката како плаче.
Она што засега е познато е дека инцидентот се случил утрото околу 4 часот и 30 минути во станот на семејството Синани. Според информациите, убиецот отишол во собата во која спиеле сопругата на неговиот брат и двегодишната внука и ја застрелал со пиштол. После тоа излегол во дворот и се самоубил.
Во меѓувреме, неговиот брат не бил дома, туку на работа зашто работел како таксист.