Скопскиот Дедо Мраз им подели пакетчиња на вработените од ПОЦ Скопје, откако тој пристигна во својата кола, качена на пајак возилото.
Службеното возило на Паркинзи беше убаво накитено во новогодишна атмосфера, со балони и разни ленти кои ја најавуваат Новата година.
„Дедо Мраз со својот специјален „ирвас“ им донесе многу насмевки, радост и среќа на дечињата на вработените во ЈП ПОЦ.🤗
Ти благодариме Дедо Мраз и те чекаме наредната година пак да дојдеш кај нас“ напишаа ПОЦ на својот профил на Фејсбук.