Судијката Марија Клетничка Марковска му изрече казна од три години и еден месец за пет кривични дела на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“.
Покрај тоа, судот му изречен и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела односно забрана да врши регистрација на домеин на портал за време од 10 години сметано од време на правосилност на пресудата, а престанува да важи регистрацијата и на сите досега регистрирани домени.
За кривичното дело злоупотреба на лични податоци, Стаменковски доби казна од 5.000 евра односно 250 дневни глоби.
Пресудата не е правосилна и Стаменковски и обвинителството имаат право на жалба до Апелацискиот суд Скопје.
По барање на обвинителството, а со одлука на судот, судскиот процес се одвиваше зад затворени врати поради заштита на приватноста на жртвите или како што рече обвинителката Зорица Павловиќ од причина што се работи за кривични дела против моралот и со цел да се заштити приватниот живот на оштетените за кои ќе се изнесуваат лични интимни работи.