Седум лица загинаа во страшна несреќа во Германија на обиколницата кај Бад Лангенсалц. Повредени се уште три лица, од кои некои потешко. Животот на едно лице е во опасност, пренесе „Билд“.
Директниот судар се случил во саботата вечерта, а во несреќата учествувале три автомобили: БМВ, Фолксваген и Мерцедес. Едниот од нив свртел во спротивен правец и налетал на другите два автомобили.
Од силината на судирот се запалиле две возила и биле уништени до непрепознатливост.
По несреќата, едниот од автомобилиет се нашол потпрен на заштитната ограда, вториот останал на коловозот, додека третиот автомобил останал превртен покрај патот.
Автопатот Б247 е целосно затворен по несреќата.