Ненадејно почина Горан Ѓошев, доктор во академијата на ФФМ

by Тони Зографски

Тажна вест денес ја погоди македонската фудбалска јавност, ненадејно почина Горан Ѓошев вработен во академијата на Фудбалската федерација Македонија.

Ѓошев беше вработен како медицинско лице и се грижеше за децата кои престојуваат во академијата. Децата од академијата на ФФМ беа негова грижа и поминуваше долго време со нив, па така и составен дел од нивните животи.

Популарниот Доки се грижеше за стотина млади фудбалери, а беше сведок и на едни од најголемите успеси во нашата фудбалска историја.

останати вести