Фудбалерите на српскиот клуб ТСЦ, Горан Антониќ, Јосип Чалушиќ, Ненад Филиповиќ, Мартин Мирчевски и Ифет Џаковац, спречија да дојде до поголема несреќа на патот од Суботица до Бачка Топола на кој се случи верижен судар во кој учествуваа 14 автомобили.
Тие застанале и брзо го преместиле својот автомобил, па ги алармирале другите возачи да застанат како се наближувале кон местото на несреќата.
Сударот се случи откако возачите изгубија преглед на патот од силниот ветер кој од песокот и ситната прашина создаде песочна бура. Колку сударот бил опасен може да се види и на видеото кое го објави еден од возачите на патот, во моментот кога на него налетува друг автомобил
Горан, Јосип, Ненад, Мартин и Ифет се враќале од тренинг кога се случила несреќата. Велат дека потсетувала на сцени од хорор филм.