Германската полиција сомничи 61-годишен српски државјанин за нападот што се случил петокот вечерта во Берлин.
Полицијата претходно објавила дека напаѓачот активирал рачна бомба на влезот во станбена зграда во населбата Рајникендорф во германската престолнина. Во нападот се повредени две жени и еден маж, пишува Телеграф.
„Повредениот во нападот е во критична состојба, се надеваме дека ќе преживее“, соопшти вчера полицијата. Оттаму додаваат дека откако ја активирал гранатата, осомничениот извадил нож и почнал да ги боде жртвите. „Се сомнева дека мотивот за нападот се нерасчистени љубовни врски, бидејќи Србинот бил во врска со нападнатата 42-годишна жена“, изјавиле оттаму.
Мажот кој е во критична состојба се вели дека е новиот партнер на повредената, додека другата повредена е нејзина пријателка. По нападот, осомничениот Србин побегнал во дворот на блиската зграда, каде што бил уапсен. Германските медиуми јавуваат дека повредените жени се исто така српски државјанки, додека повредениот маж е од Босна и Херцеговина.