Италијанските власти трагаат по маж кој во четвртокот скокнал од трикатница во канал во Венеција. Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро објави се на Твитер, велејќи дека за неговиот потег треба да добие „диплома за глупост”.
„Се обидуваме да го идентификуваме, да го пријавиме, него и неговиот пријател кој го направи глупавото видео“, рече Бруњаро. Градоначалникот, исто така, рече дека испратил полиција во зградата за да утврди како човекот можел да влезе во приватната станбена зграда и како успеал да стигне до покривот.
„Тој го ризикуваше својот живот. Овие криминалци не ја разбираат опасноста што ја создаваат во овој град, што ако одоздола минува брод? Тие ги прават овие глупави работи на социјалните мрежи за лајкови“, рече тој.
A questo “soggetto” bisognerebbe dargli un certificato di STUPIDITÀ e un bel sacco di pedate … stiamo cercando di identificarlo, per denunciarlo, Lui e il suo compare sotto che faceva il video cretino per i social .. pic.twitter.com/lrzaIzy516
— Luigi Brugnaro (@LuigiBrugnaro) March 24, 2023